Во насока на воспостаување блиска комуникација со граѓаните од општина Кавадарци и околината, Фени индустри денеска го организираше првиот Отврен ден. Први во посета беа градоначалникот Александар Панов и дел од општинската администрација. Им беше претставен производниот процес.
Оливие Дезеведави, менаџер на секторот лабораторија, конторла на квалитет и живтона средина го претстави проиазводниот процес во Фени, а и одговараше на поставените прашања.Гостите ја искористија можноста да ги разгледаат и производните погони.
Секој последен петок во месецот сите заинтересирани граѓани кои претходно ќе се пријават, ќе можат да го посетат Фени. Од фабриката нагласија дека се отвораат за граѓаните бидејќи немало што да кријат.
Генералниот директор, Константинос Даскалакис се надева дека нивната иницијатива ќе наиде на интерес кај граѓаните и дека на овој начин секој поединец ќе може лично да се информира за начинот на работа на фабриката и за напредокот кој бил постигнат.
„Секој може да го посети Фени и самиот да се увери дека нема ништо скришно и тајно, дека се е транспарентно. Граѓаните ќе можат и самите да го видат начинот на производство, да видат дека не се користат никакви хемикалии или опасни материјали, дека имаме безбеден процес. И покрај тоа што се наоѓаме во тешки времиња со ниска цена на никелот ќе продолжиме да придонесуваме кон заедницата во која работиме. Да ги задржиме до максимумот сите работни места и да го остваруваме придонесот кон заедницата“ рече Даскалакис и се заблагодари на досегашната соработка со општината.
Градоначалникот Панов ја поздрави иницијативата на „Фени“ одблизу да ги запознае граѓаните .
„Ова е прва компанија која определува еден ден во месецот за заитнересирани граѓани директно да се информираат и за технологијата што се користи. Фени е наш партнер со највисоки оценки за општествена одговорност. Апел до сите граѓани кои се скептични во врска со работењето на Фени, да го искористат ваквиот ден и да ја посетат фабриката . Тоа е во правец на потврдување на она што го тврди Фени, дека е една од првите или најеколошка фабрика во земјава, со сите дозволи кои ќе ги добие до крајот на март следната година.“ рече Панов и изрази надеж дека наскоро ќе биде инсталирана перална за камионите кои превезуваат руда, за да не се валкаат локалните улици и патишта со остатоци од руда.
Тој упати апел до превозниците на руда да ги заобиколуваат градските улици, бидејќи со товарот кој го носат во камионите се оштетуваат улиците во градот. Според него толкав товар можат да издржат магистралните и регионалните патни правци, а не и улиците во градот.
Ангел Данов

Додади коментар