„Сите на велосипед“ - младите од Кавадарци масовно се приклучија во акцијата
12-05-2016 РЕГИОН

Месец мај како месец на велосипедот и годинава достојно го одбележа Кавадарци. Во организација на општинскиот сојуз на училишни спортови денеска над 800 ученици од основните и средни училишта во Кавадарци и Росоман возеа велосипед. Велосипедската парада ,,Сите на велозипед,, започна од спортскиот комплекс при сала Јасмин, а заврши на градскиот плоштад во Кавадарци. Масовното учество уште еднаш покажа одлична организација на сојузот кој според претседатело Милан Колев и понатаму ќе настојува да ја побуди свеста особено кај младите за масовна употреба на велосипедот.

 

Манифестацијата и годинава покрај традиционалните спонзори кој ги обезбедија наградите за велосипедистите ја подржаа и градоначалникот и советот на Кавадарци. Од името на советниците задоволството го изрази советничката Анита Гинова Каракутова.

 

800 велосипедисти исто толку наградни талони.За да нема поделби за најдобри и помалку добри, правилата беа еднакви за сите. Секој со својата среќа до награда од денешната манифестација. Четириесетина скромни награди главно велосипедска опрема и главната велосипед.Најсреќен беше млад велосипедист ученик во ООУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци, кој за себе вели дека често е на велосипед .

 

Mилица Младенова

 



Share

Додади коментар