Александар Ристески од Прилеп втор пат го фаќа крстот во Кавадарци
19-01-2015 РЕГИОН

Дваесет и едногодишниот Александар Ристески од Прилеп кој веќе пета година живее во Кавадарци беше најсреќниот од дваесетината момчиња кои денеска скокнаа по светиот крст во водите на реката Луда Мара во Кавадарци. Тука се изврши голем богојавленски водосвет. Ристески на денот на војот роденден ја имаше среќата и  годинава прв да доплива и да го извади светиот крст. Им посака здравје, среќа и бериќет на сите свои најблиски и сограѓани.

-          Денеска ми е роденден, полнам 21 година. Горд сум што ја имав среќата пак да допливам прв до крстот и да го извадам од водата. Женет сум од кавадаречкото  село Ресава, работам во Дрекслмаер.  Им посакувам многу здравје и среќа на сите граѓани, а на Кавадарци многу успех, повеќе градби и вработувања“ рече Ристески.  

       

Од локалната самоуправа и градоначалникот, Ристески   доби подарок ЛЦД телевизор. На манифестацијата по повод Водици присустуваа голем број верници, меѓу кои и градоначалникот Алекснадар Панов, пратеничката Весна Пемова, претседателката на советот, Горица Пеливанова-Вилхелм и советници.

 „Единствено Aлександар побарал благослов од свештениците, па ете некоај виша сила и му помогна да го фати крстот“ рече градоначалникот  Панов и им го честита празникот на сите граѓани.

И годинава на богојавленскиот водосвет претходеше литургија во храмот Свети Димитрија, каде исто така беше осветена вода за верниците во базенот на црквата. По водосветот верниците и  свештениците со литија се упатија кон кејот на Луда Мара на големиот богојавенски водосвет.

Aнгел Данов



Додади коментар