Арсенал го договорил Игуаин, се чека Џеко
15-05-2013 СПОРТ

Според пишувањето на шпанскиот „Спорт“ Арсенал потпишал петгодишен договор со Гонзало Игуаин, а друштво во нападот ќе му прави Един Џеко.

iguain-500

Шпанскиот весник „Спорт“ тврди дека Арсенал веќе потпишал договор со Гонзало Игуаин во траење од пет години, а Реал Мадрид ќе добие 22 милиони евра.

Аргентинецот немаше забележителна минутажа во оваа сезона, но на 17 меча на кои што беше стартер постигна дури 14 голови. Откако во 2007-ма година пристигна во Мадрид, Игуаин одигра 188 мечеви и постигнал 105 голови.

Според информациите Арсенал нема да застане тука кога се во прашање засилувањата во нападот. Англиските медиуми пишуваат дека Арсен Венгер се надева дека ќе успее да ги добие услугите и на Един Џеко од Манчестер Сити.

Додади коментар