Бесплатен технички преглед за сите возила во Кавадарци
13-12-2019 РЕГИОН

Пред новогодишните и божичните празници заради зголемена фрекфенција и потреба за користење на возилата, и заради зимски отежнати услови на возење , се налага возачите да обрнат внимание на исправноста на своите возила заради по безбедно учество во сообраќајот.

 Од тие причини Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, во соработка со Станиците за технички преглед на возилата во градот и полицијата организират “ Недела на техничка исправност на возилата “ .

 

Во текот на наредната недела, од 17 до 21 декември сопствениците на моторни возила ќе можат доброволно да го однесат своето возило во било која Станица за технички преглед во градот и да извршат безплатен технички преглед со што ќе се констатира исправноста на возилото која е битна за безбедност во сообраќајот на патиштата.

 

Целта на акцијата е да се потикнат возчите да гоподвргнат своето возило на контрола за исправност, и на тој начин да ги отстранат можните случувања од сообраќајна несреќа условена од технички неисправно возило.. Низ советување и техничка помош од страна на стручните лица во станиците ќе им биде укажано на значајот на евентуалните неисправности на возилото и неговата поправка. Со тоа ќе го подигнат нивото на техничка исправност на возилото ,која е услов за поголема нивна безбеднот и безбедност на другите учесници во сообраќајот - велат од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.



Додади коментар