Богат спортски викенд во Кавадарци
28-11-2014 СПОРТ

Дербито на општинската лига помеѓу Тиквеш 2014 и Росоман кое ќе го промовира есенскиот шампион во најниското по ранг фудбалско натпреварување, ќе го најави викендот во кој не очекуваат и два градски кошаркарски дерби натпревари, како и ракомет од првата македонска машка ракометна лига.

Фудбалскиот натпревар помеѓу прво и второ пласираниот тим на табелата во четвртата фудбалска лига ќе се игра на градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 13 часот, а два часа подоцна, односно во 15 часот во спортската сала „Јасмин“ ќе започне ракометниот дуел помеѓу градскиот ракометен клуб Лозари и Борец од Велес.

Неделата е резервирана за два градски кошаркарски дерби натпревари. Во првиот, во рамки на машката младинска М-16 конуренција, тимот на Фени Индустри во спортската сала „Јасмин“ точно на пладне ќе го пречека тимот на Академик. Сепак, најинтересно се очекува да биде многу поинтересно на второто градско дерби во кое амбициозниот и засилен тим на МНА Кожувчанка условно ќе му гостува на тимот на Ваис Профил кој иако има само една победа сезонава, со игрите и залагањето покажа дека нема да биде топовска храна за противниците. Натпреварот кој е дел од редовното шесто коло од најсилната женска кошаркарска лига ќе се одигра во спортската сала „Јасмин“ со почеток од 16 часот.

Додади коментар