Велес конкурира со три проекти за рурален развој
27-06-2015 РЕГИОН

Поставување урбана опрема околу езерото младост, водовод во чолошево, изградба на улици во иванковци - ова се трите проекти со кои локалната самоуправа ќе аплицира во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.. Конкурира за три мерки од оваа владина програма - подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, обнова и развој на селата и зачувување на традицијата..

Со проектот за поставување урбана опрема околу младост ќе се изградат четири видиковци на пешачката патека околу езерото.. Предвидено е да се постават и корпи за отпадоци по целата должина на патеката.. Според локалните власти, реализацијата на овој проект ќе го развие транзитниот туризам.. Сметаат оти езерото младост веќе прераснува во атрактивна дестинација за туристите и посетителите од земјава и странство.. Во образложението на одлуката за конкурирање со овој проект, од општината пишуваат дека годишно по автопатот е-75 минуваат 4 милиони туристи.. Токму ова е причината за подобрување на понудата околу младост која ќе придонесе за привлекување туристи и посетители..

Во останатите два проекта, општина велес планира да изгради две улици во селото иванковци и водовод во чолошево.. Системот за водоснабдување предвидува населеното место да се поврзе на градската мрежа.. Ќе се гради доводен цевковод, резервоар со препумна станица и потисен цевковод.. Според општинските власти ова ќе овозможи жителите на чолошево да добијат квалитетна вода за пиење..

Сите овие проекти треба првин да ги одобри општинскиот совет.. Како точки на дневен ред се на утрешната седница.. Во образложенијата не е наведената сумата потреба за реализиција на плановите.. Се потенцира нивната реализација целосно ќе се финансира со пари од програмата за рурален развој..

  Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар