“Велигден во секој дом“ - хуманитарна акција на ротаријанците
31-03-2018 РЕГИОН

 

„Велигден во секој дом“ е акцијата која во пресрет на велигденските празници ја организира Ротари клуб Кавадарци заедно со Ротаракт клубот. Во оваа акција ќе можат да се вклучат и сите кавадарчани.

 

Утре и во недела во шесте најголеми супер маркети во Кавадарци ќе бидат поставени корпи во кои секој од нас ќе може да донира прехрамбени артикли, со кои би се збогатила велигденската трпеза на наши сограѓани на кои им е добредедојдена – велат ротаријанците.

 

По завршувањето на акцијата ќе се подготват пакети кои ќе бидат распределени за социјално ранливи семејства, во координација со центарот за социјални работи Кавадарци.

 

Ротари клуб Кавадарци го подржува овој проект и со сопствена донација, со цел да се обезбедат што е можно повеќе производи и да се опфатат повеќе семејства.

 

Се надеваме дека акцијата ќе наиде на добар одзив и ќе прерасне во традиција, како одраз на хуманоста на сите кавадарчани.

 

Акцијата ќе се изведува оваа сабота и недела (31ви март и 1ви април) од 10 до 14 часот во следните маркети низ градот: Тинекс, Кам Маркет, Кит-Го, Маркет Дијана бр. 8 (под ресторан Ексклузив), Минекс Маркет (наспроти Гоце Делчев) и ТД-ТД (над Градски базен).

 

А.Д

Додади коментар