Викендов второ авионско прскање против комарци во Велес
02-06-2015 РЕГИОН

Викеднов повторно ќе се прска против комарци. Локалната самоуправа ќе го реализира второто авионско третирање.. Со ова аеросолно запрашување треба да се уништат леглата со млади комарци и други инсекти.. Од општина велес велат дека прскањето се реализира според програмата за здравствена заштита.. Според препораките на здравствените власти, за соодветна заштита од инсекти неопходно е да се реализираат две прскања..

Пред три недели се спроведе првото авионско прскање против инсекти.. Од општина велес сметаат дека тоа било успешно и уништени се најголем дел од леглата со возрасни комарци..

Аеросолната авионска дезинсекција ќе се реализира во сабота наутро.. Ќе трае час и половина - од до 6.30 минути.. И овој пат ќе биде опфатена истата територија.. Ќе се прска во градот, населбата превалец, отовица и горно оризари.. Со третирањето е опфатено цеото течение на реката вардар и околината на езерото Младост.

Зоран Јаневски 

 

Додади коментар