ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога СДСМ е на власт удира по џебот на пензионерите
06-12-2019 РЕГИОН

ОО СДСМ Кавадарци продолжува со срамното и безобразно однесување и поигрување со пензионерите во Република Македонија - реагираа денеска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на прес конференцијата на ОО СДСМ на која се говореше за покачувањето на пензиите од јануари 2020 година.

 

(интегрален текст) Секогаш кога СДСМ е на власт удира по џебот на пензионерите. Наместо да им дадат повисока пензија, СДСМ и Заев им го крати правот на повисоки пензии.

СДСМ со овој несериозен и лицемерен потег создава сериозен удар врз животниот стандард на пензионерите и наместо да им донесе живот како што ветуваше им носи беда.

Зоран Заев и СДСМ се во очај и паника од пораз на предвремените парламентарни избори се обидуваат да ги манипулираат граѓаните кажувајќи ги истите лаги како на изборите во 2016 година. Но, граѓаните повеќе не им веруваат.

СДСМ докажа дека не се грижи за животот на пензионерите. Негрижата и поигрувањето на СДСМ со пензионерите мора што побрзо да запре. СДСМ мора да си оди, за да се врати достоинството на македонските пензионери.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и ќе продолжи да работи во интерес на пензионерите. Наместо лаги и манипулации граѓаните заслужуваат сигурност и развој. Затоа на 12 април следува Обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ - реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

Додади коментар