ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога СДС е на власт земјоделството пропаѓа
17-08-2019 РЕГИОН

Со писмена реакција на вчерашната прес конференција на СДСМ денеска се огласија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

(интегрален текст) СДС е гробарот на македонското земјоделие .Секогаш кога СДС е на власт земјоделството во Македонија пропаѓа. Се што кажаа на нивната прес конференција за се излагаа .

 

Парите од винариите Повардарие и Стефани винарија сеуште не се исплатени во целост . Дополнителниот денар за ланската берба на грозје е ветен и сеуште не е исплатен . Да се потсетиме за смешното обештетување од ланските пролетни мразеви со кое целосно го потценија македонскиот земјоделец . Зелената нафта е популистичка мерка со која како партија се иживуваат врз македонските земјоделци .

 

Три години СДС на сите граѓани им доведе дополнителна акциза од над 3 денари , за да после три години даваат смешни од 500 до 1000 денари годишно од хектар земјоделски површини и тоа на само 55 000 илјади земјоделци а знаеме дека во Република Македонија има регистрирано над 100 000 земјоделци .Во споредба со минатата година кога за сортата шардоне за 20 шеќерни единици се исплаќаа 19 денари по килограм, оваа година цената за 20 шеќерни единици е 16 денари.

 

Водостопанското претпријатије го уништија , а во подрачните канцеларии на министерството за земјоделство се врши политичи прогон . Оваа година видовме како се фрлија праските и јаболката додека за грозјето и голготата на лозарите допрва почнува .

 

СДС и нивните министри е на страна на винариите и им ги штитат нивните лични интереси додека лозарите се оставени немилост . Да ги потсетиме СДС дека тие имаат повеќе од четири години министер за земјоделије од нивната партија. Да ги потсетиме дека нивниот генарален секретар Љупчо Николовски беше технички министер 2015 и 2016 година па се до пред некој ден . Штотуки ги научи земјоделските култури како се викаат и кога е нивната берба избега од министерството напуштајќи го бродот кој тони а кој се нарекува влада на Зоран Заев .

 

Почитувани граѓани ! На Македонија и треба обнова . Таа обнова ќе се случи многу наскоро и заминувањето на рекетарското СДС од власт ќе се случи во најкраток можен рок . На Македонија никогаш нема веке да и се случат Боки и Коки ниту пак Кики и Фрики кои се дирекно кординирани од нивниот Зоки Поки . На Македонија и требаат чесни и кредибилни луѓе со идеи кои целосно ќе го регенерираат општеството . Затоа од Септември сите заедно сложно на масовни протести за да ја пратиме оваа ненародна власт во мрачната страна на историјата !

Додади коментар