Во велешкиот суд денеска почна судењето за случајот платено убиство
14-05-2014 РЕГИОН

НИЕ НЕ СМЕ УБИЈЦИТЕ, А ОВА Е СЛУЧАЈ МОНТИРАН ОД ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО.. ВАКА БРАЌАТА ЃОРЃИЕВСКИ И ГАЈСТАРБАЈТЕРОТ ПЕТРОВСКИ СЕ БРАНЕА ПРЕД СУДОТ НА ПОЧЕТОКОТ ОД ПРОЦЕСОТ ПЛАТЕНО УБИСТВО ВО ВЕЛЕШКО ОРЕШЕ.. СМЕТААТ ДЕКА ВО СЛУЧАЈОТ СЕ ЗАМЕШАНИ ПОВЕЌЕМИНА КОИ САКААТ ДА ГИ СОКРИЈАТ СОПСТВЕНИТЕ КРИМИНАЛИ..

 

-Целиот случај се темели на Вељо Арсовски, Никола Апсев и Гоце Павлов велешаните за да им се прикријат криминалите-ништо друго, изјави Ордан Ѓорѓиевски.

 

-Праќав пари за црква, за помош за Се праќав пари ама од ова немам никаков поим, изјави Ѓоре Петровски, обвинет како нарачател на убиството.

ВО СВОИТЕ ИСКАЗИ, ОБВИНЕТИТЕ ПОСОЧИЈА ДЕКА ВО УБИСТВОТО НА СТАРЕЦОТ СЕ ЗАМЕШАНИ И НЕГОВИ БЛИСКИ РОДНИЦИ..  

 

-Нема во тоа никаква вистина, сепак се работи за убиство и не може тоа да се монтира.

СПОРЕД ЃОРЃИЕВСКИ, СЛУЧАЈОТ ПОВТОРНО СЕ ВОДИ КАКО И ПРЕТХОДНО НО ТОКМУ ТАКВИОТ ОДНОС ЗАД РЕШЕТКИ ГИ СТАВИЛ СУДИЈАТА И ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ.. ИНАКУ СЛУЧАЈОТ Е ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ВО СУДНИЦА.. ПРЕТХОДНО ОБВИНЕТИТЕ БЕА ДВА ПАТИ ОСУДУВАНИ ПО 12 ГОДИНИ ЗАТВОР А ВО ТРЕТАТА ПОСТАПКА ДОБИЈА ОСЛОБОДИТЕЛНИ ПРЕСУДИ..   

Додади коментар