Во петок седница на советот на општина Кавадарци
12-03-2014 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци ќе заседава во петок. Закажана е редовната 14-та седница на која советниците ќе ја разгледуваат завршната сметка на општинската каса, кварталниот извештај за извршувањето на буџетот во четвртот квартал од минатата година  и годишниот извештај на општината за 2013 година.

Пред советниците се и завршните сметки и програмите за работа на основните и средни училишта, детската градинка „Рада Поцева“, библиотеката „Феткин“, Музеј галерија и домот на културата „Иван Мазов Климе“. Исто така ќе се разгледуваат и извештаите за работењето во минатата година и програмите за работа годинава на културните институции во општината.

A.Д

Додади коментар