Во поедини реони од градот оштетени и сто отсто од лозовите насади
10-06-2014 РЕГИОН

Штети и до сто отсто на лозовите насади вчера направи градот во кавадаречко.најпогодени се лозјата во атарите на селото Возарци, Ресава, покрај патот кон Тиквешкото Езеро и месностите Умата и Шамаци.

Овде е направен вистински пустош. Денеска сите лозари излегоа да видат дали им остана нешто од годишнашниов род, но заклучија дека родот е превреме обран.

„Штетите се огромни и претставуват катастрофа. Ќе треба и парламентот да одлучува дали ќе добијат обесштеување лозарите. Се уште е собираат податоци од терен. Се надевам во текот на денот дека ќе бидат сумирани сите направени штети“ рече Трајче Грков, советник во кавадаречкиот совет и член на комисијата за проценки на штети.

„Тешко дека ќе може да набериме грозје и за домашна потреба. Неможев да поверувам дека е направена таква штета на насадите. Листовите се целосно искинати, гроздовите со оштетени и потемнети зрна. Ластарите исто така испосокршени. Тешко ќе можеме да го управиме насадот после ова“ коментираа лозарите.

Од противградобијната станица Љубаш кај Кавадарци пред почетокот на невремето биле испукани 5 противградобијни ракети. Со таа количина во тој момент располагала оваа станица, но сепак градот направи во поедини реони огромни штети во земјоделството.

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов информира дека на ниво на општина штетите од невремето се околу 20 отсто додека во најкритичните реони погодени од градот има штети и до деведесет отсто.

„Експерти ќе треба да кажат дали лозите таму ќе имаат можност да дадат род и наредната година. Ова е трет пат во пет години,  од кога сум градоначалник,  во овие реони да имаме големи штети од невреме. Комплетната документација од направените проценки на штетите ќе биде доставена до ресорното министерство и се надеваме дека ќе има и обесштетување. “ рече Панов. Тој апелираше до лозарите кои се соочено со последиците од невремето да ги пријават штетите во службите на локалната самоуправа, а потоа ќе се одлучи во колкави рамки општината ќе ги обесштети.

Првиот човек на Кавадарци нагласи дека лозарите треба да сватат дека мора да започнат да ги осигуруваат од елементарни непогоди своите насади, за што Министерството за земјоделство исплаќа и субвенции.

Во градот оштетувањата од вчерашното невреме се мали. До општината стигнале пшријави за попладвени подрумски простории на улицата „Индустриска“ каде не профнкционирала атмосферската канализација, на патот од заобиколницата Северен булевар. Градоначалникот Панов информира дека веднаш по невремето е интервенирано и улиците биле исчистени од калта која беше донесена на градските улици од атмосферската вода од поројниот дожд.

140 хектари со лозов насад на АД „Гоце Делечев“ се оштетени од градот. Директорот на ова земјоделско претпријатие кое е најголем производител на трпезно грозје во Македонија, Ристо Милев рече дека по направените проверки на терен било утврдено дека 100 ха биле оштетени сто отсто, а 40 ха имале оштетување од 80 отсто.

Ангел Данов

Додади коментар