Во понеделник изложба „Занаетчиството во Кавадарци низ историјата“
04-09-2015 КУЛТУРА

Низ 150 фотографии одбрани од богатата архива на Музеј галеријата во понеделник ставени во рамката на изложбата „Занаетчиството во Кавадарци низ историјата“ кавадаречката јавност на празникот на градот 7-ми септември денот на ослободувањето ќе ја има можноста да се потсети на познатите занаетчиски фамилии од Кавадарци. Секоја фотографија има своја приказна и крие спомени кои се уште се чуваат во меморијата на постарите кавадарчани и записите на старите патеписци. Изложбата е финансирана од Министерството за култура и е еден од десетте проекти одобрени на Музеј-галеријата од Кавадарци од национален интерес во културата.

                Автор на изложбата е Петре Камчевски кустос-советник историчар   заедно со неговите соработници Марија Михова, Весна Ѓорѓиева, Кети Ванчева, Трајче Цветков, Томе Крстевски и Раде Атанасов. Во најавата на изложбата издвојуваме дека во почетокот на ХХ век според познатиот етнограф Денес занаетчиство во Кавадарци се сведува на неколку занаетчиски дуќани кои во главно извршуваат услужна дејност, затоа оваа стопанска гранка која е во изумирање Јован Цвијиќ Кавадарци имало околу 220 занаетчиски трговски дуќани. Од занаетчиите имало најмногу чевлари-крпачи 16 дуќани, 13 ковачи, 8 абаџии, 8 кројачи 7 фурнаџии и арабаџии 6 тенеќиџии и по неколку самарџии, алваџии, шарлаганџии, бербери, меанџии, касапи, опинчаро , калајџии и казанџии. Во далечната 1939 година бројот на вработени лица во овој сектор изнесувал 380 а 15 години подоцна дури 505 лица што претставувало 10 % од вкупниот број вработени лица – ни открива Петре Камчевски.

Од причина што денес занаетчиството во Кавадарци се сведува на неколку дуќани и постепено изумира оваа изложба на фотографии ќе биде вистински времеплов низ историјата на Кавадарци која задолжително треба да се види.

Mирјана Мукаетова

Додади коментар