Во Росоман турнир во улична кошарка
17-08-2016 СПОРТ

Претстојниот викенд 19.20 и 21 август  во Росоман ќе се одржи турнир во улична кошарка. Турнирот се одржува  5та година по ред.  Во изминатите години поминаа бројни кошаркарски имиња од Македонската кошарка. Учествуваат повеќе од 100 кошаркари од повеќе градови од Македонија.

 

Оваа година турнирот има професионален карактер и од организаторите се најавени многу спонзори од Тиквешијата.   Се  покануваат сите љубители на уличната кошарка да присуствуваат на истиот.

Турнирот како и секоја година има за цел да ги оттргне  младите од пороците и преку натпревари да ја промовира општина Росоман и спортскиот дух.

Додади коментар