Во среда навивачката група „Лозари“ спроведува крводарителска акција
17-02-2014 РЕГИОН

Навивачката група Лозари Исток и годинава ќе ја покаже својата хумана страна. Ќе им помагаат на оние за кој капка крв значи живот. За таа цел закажана е доброволна крводарителска акција за в среда на 19 ти февруари.Акцијата ќе се одржи во Локална Самоуправа Кавадарци во термин од 10 до 16 часот, а ќе ја спроведува екипа на институтот за трансфузиона медицина. Лозари исток доброволна крводарителска акција организираат во соработка со кавадаречкиот црвен крст.За оваа навивачка група која е верен сојузник на кавадаречките спортисти ова е трета акција по ред. Минатата година успешно ја реализираа втората, а иницијативата произлезе по повод роденденот на навивачката подгрупа Ултра Кру вели за ктв Александар Ситниковски.

Од него дознаваме дека сите кој ќе бидат дел од акцијата од навивачката група Лозари Исток ќе добијат благодарница за покажаната хуманост. Одлични беа резултатите лани и годинава Лозари Исток очекуваат успех.На акцијата покрај своите членови и симпатизери ги покануваат и останатите граѓаните кој сакаат да бидат хумани и солидарни. Успех од доброволната крводарителска акција во среда очекуваат и од црвен крст Кавадарци потенцирајќи дека анализирајќи го искуството од претходните две години, годинава од акцијата на навивачка група Лозари Исток се очекуваат околу четириесетина дарувани единици крв. Акцијата на овие млади полека но сигурно преминува во традиција, а тоа е за поздравување и пример кој треба да го следат и останатите велат од Црвен Крст.

M.M



Додади коментар