Во Тиквешијата гласањето започна без проблеми
15-07-2020 РЕГИОН

Сите гласачки места во Тиквешијата се отворени во 7 часот утринава и гласањето се одвива без проблеми, потврдија претседателите на општинските изборни комисии. За разлика од минатите изборни циклуси, денеска се гласа по здравствени протоколи. Задолжително граѓаните на гласачко место можат да влезат со заштитна маска.

 

Во Кавадарци  на предвремените парламентарни избори се гласа на 59 избирачки места, а право на глас имаат 32.270 граѓани. Во понеделникот гласаа 4 лица позитивни на ковид или во самоизолација, додека вчера гласаа 154 болни и немоќни лица.

 

Единаесет избирачки места се отворени во Демир Капија, а во избирачкиот список се запишани 3269 граѓани со право на глас. Во текот на вчерашниот ден гласаа 64 болни и немоќни лица.

 

5 лица во самоизолација и 45 болни и немоќни гласаа првите два дена во општина Росоман. Денеска се гласа на 10 избирачки места, а право на глас имаат 3353 граѓани.

 

Во општина Градско отворени се 11 гласчки места. Право на глас имаат 3136 граѓани од оваа општина. Вчера гласаа 45 болни и немоќни лица.

 

Ангел Данов



Додади коментар