Вработените во „Дрекслмајер“ од денеска на платен одмор две недели
23-03-2020 РЕГИОН

5300 вработени во германската компанија „Дрекслмајер“ од денеска па следните две седмици ќе останат дома. Компанијата ги испушта вработените на платен одмор, потврди Катерина Бакалова, лице за односи со јавноста.

 

„Поради состојбата со коронавирусот, вработените во ‘Дрекслмајер’ од денес па во следните две недели се на колективен платен одмор. Фабриката во овие две недели ќе работи на технички минимум, одржување на машини и слично. Секако, здравјето и безбедноста се на прво место, па така точниот почеток на производство и работа е во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со ширењето на коронавирусот, како и од развојот на настаните во автомобилската индустрија и нарачките што ги добиваме од нашите клиенти“, ни рече Бакалова.

 

А.Д



Додади коментар