Вработен во „Еуроникел индустри“ позитивен на Ковид 19
01-07-2020 РЕГИОН

Во интерес на навремено информирање на јавноста, информираме дека кај наш вработен по тестирање е потврдено присуство на вирусот КОВИД-19  - информираа вечерва  од компанијата „Еуроникел индустри“ Кавадарци.

 

Истовремено сакаме да ве известиме дека од наша страна навремено е изреагирано и истиот со уште неколку негови колеги т.е. работни контакти, се навремено пратени во домашна самоизолација и сите последователни мерки за претпазливост и превенција се превземени во однос на овој случај. Оттука сметаме дека нашата компанија , односно нашите вработените се навремено заштитени, а продолжуваме и во иднина да ги практикуваме сите мерки, протоколи и препораки за заштита од вирусот КОВИД-19 дадени од Министерството за здравство, Светската здравствена организација, но и дополнителните интерни мерки што ги спроведуваме како компанија.

 

На нашиот вработен му посакуваме брзо оздравување, од кого имаме сознание дека се чувствува добро и е на домашно лекување - стои во соопштението од Еуроникел индустри.

 

 Ова е трет случај денеска во Кавадарци. Како што информиравме, дијагностицирани се и две лица, жена на возраст од 67 години  и маж на  44 години, вработен во „Дрекслермајер“.



Додади коментар