Второ место за Ристе Наумов на Европско Шити руи првенство
16-07-2014 СПОРТ

Младиот кавадарчанец Ристе Наумов,  кое градот го памети како каратистот брат близнак на Рајне Наумова, тандем во освоени карате високи пласмани не престанува да изненадува. Како единствен македонски претставник на второто европско Шито руи првенство пред само две недели Ристе Наумов се искачи на високото второ место. Станува збор за првенство во кое учествуваа Словачка, Хрватска, Белорусија, Русија, Унгарија, Германија, Азербејџан, Австрија и Наумов како единствен македонски претставник.Домаќин беше Словачка, а првенството во Шито руи се играше во Нове Замки.Интересно е што освен Македонија сите горе наведени земји учеснички на првенството се и членки на Европската шито руи карате федерација.

 

Ристе Наумов се такмичеше во категоријата сениори каде по три борби си обезбеди влез во финалето. Првото коло Наумов го одигра против каратистот на Германија со убедливи 3-0, второто со натпреварувачот на Романија исто со убедливи 3-0, а третото го играше против Словачка и тоа каратистот кој важеше за фаворизиран словак, но Наумов од Кавадарци докажа дека е подобар и од него совладувајќи го исто со убедливи 3-0. По овие три меча, за Ристе следуваше борба во финалето каде се сретна со Русија и нејзиниот натпреварувач.

 

Брзината, силата, експлозивноста, јачината и цврстината беа на идентично ниво.Тоа придонесе и отежната ситуација за одлука кај судиите при гласањето, но повеќе од очигледно е дека тука можеби своето го направи членството на Русија во федерацијата па симпатиите на судиите отидоа кај русинот, а нашиот Наумов со резултат од 2-1 цврсто застана на втората позиција.Ова е голем успех за мене.Натпреварот беше тежок, но со макотрпна работа се постигнува тоа што го сакаш.Иако знаев дека сум доволно добар и за победа во финалето ниту во еден момент не ме потишти одлуката на судиите, туку напротив ми ја зголеми уште повеќе желбата за победа. Ветувам дека во име на Кавадарци и Македонија следниот пат сигурно одам на тронот вели за ктв Ристе Наумов со кој искрено се гордееме и ние.

Милица Младенова

Додади коментар