Голема хуманитарна акција во Кавадарци за помош на поплавените
04-02-2015 РЕГИОН

ОО на Црвен Крст Кавадарци се вклучува во големата хуманитарна акција иницирана од Црвен Крст на Македонија, а наменета за поплавените подрачја во Македонија. 

Акцијата започнува утре  и ќе трае се додека има потреба за помош на настраданите лица, велат од кавадаречката организација на Црвен Крст.

“Донациите во вода, средства за хигиена и конзервирана храна оставете ги на централниот пункт на градскиот плоштад во Кавадарци или во просториите на општинската организација на Црвениот Крст на град Кавадарци во периодот од 10 до 15 часот. Покрај вода, средства за хигиена и конзервирана храна, добредојдена е и секаква логистичка помош, односно помош за транспорт на собраните донации“ апелираат од Црвен Крст Кавадарци.

Акцијата е поддржана од локалната самоуправа, здруженија на граѓани, невладини организации, навивачката група „Лозари“ и локалните медиуми.

Денеска во ОО на Црвен Крст Кавадарци состанок одржа и координативно тело кое заедно со невладиниот сектор од градот договори и хуманитарна акција на градскиот плоштад во Кавадарци.Имено утре во периодот од 10 до 15 часот на плоштадот ќе биде поставен пунк со мото Кавадарци за настраданите во поплавите , а граѓаните слободно ќе можат хуманоста да ја изразат со донирање на вода, храна и хигиенски средства.Од црвен крст, но и невладините организиации повторно повикуваат на хуманост и изразуваат желба да се репризира единството и солиданоста што не така одамна ја покажавме кон настраданите за Србија и Босна и Херцеговина. 



Додади коментар