Градоначалникот на Неготино се сретна со амбасадорот на Унгарија
17-04-2018 РЕГИОН

 

Неговата Екселенција амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија д-р Ласло Дукс денеска оствари работна посета на Неготино,  остварувајќи притоа средба со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и неговите соработници.

 

Средбата доаѓа како резултат на интензивирани активности на меѓународно ниво на градоначалникот Делков и остварување средби со претставници на амбасадите во нашата држава. На денешната средба од страна на неготинскиот градоначалник беше потенцирана одличната соработка со амбасадата на Унгарија која резултираше со добивање на 100 канти за отпадоци за потребите на граѓаните на општина Неготино кои се очекува да придонесат за подобрување на комуналната хигиена во градот и населените места, а стана збор и за потенцијалните можности за продлабочување на соработката и на економски план.

Ова од причина што општина Неготино е збратимена со унгарската општина Наѓиката со која се остварува одлична соработка на повеќе нивоа и која ќе продолжи и во иднина.

 

Инаку, во текот на наредните денови најавено е остварување работна средба на градоначалникот Делков со претставници на амбасадата на Република Словачка во Република Македонија



Додади коментар