ГРОМ со општински организации во Росоман и Градско

На основачкото собрание што ГРОМ го одржа во саботата во Росоман едногласно Жарко Марковски, беше избран за претседател на Општинската организација.  Во обраќањето  до присутните членови и симпатизери, новоизбраниот претседател вети дека дадената поддршка ќе ја оправда со својата работа за поубава и поросперитетна Општина Росоман.

„Општина Росоман брои 150 членови, тоа е бројка која се зголемува секојдневно, и јас сум навистина премногу задоволен од овој факт, бидејќи оваа политичка опција е вистинската понуда за секој граѓанин и воопшто за доброто на Македонија. Граѓаните се јадрото на Македонија. Без одговорност нема напредок изјави Марковски и ги повика другите граѓани да пристапат кон ГРОМ.

Пред членовите и симпатизерите се обрати и лидерот на партијата, Стевчо Јакимовски кој говореше за целите на партијата, но и ставовите што ја прават ГРОМ поинаква од биполарната политичка сцена во Македонија.

„Честопати порано велев: Стопаснтвото е на прво место, економијата мора да биде на прво место. Но сум грешел. Демократијата е на прво место, слободата на луѓето е пред се, изјави Јакимовски. ГРОМ е прва партија во Македонина која е мултиетничка партија. Тоа што имаме мултикултура треба да ни отвора перспектива во соседните земји. Нашите сограѓани, Срби, Турци, Босанци, Словенци, Хрвати, јазикот кој го говорат треба да биде една од вратите за отворање на екононските перпективи во нашата држава. Ние сме тие кои сме одговорни за етичките вредности. Ако немаме политичка стабилност немаме ни правна ни безбедносна стабилност– истакна Јакимовски.

На крајот од своето обраќање, Јакимовски им честита на Росоманци за изборот на раководството и им порача понатаму да работат  со заеднички сили зашто токму таквиот однос кон партиските цели и кон работата ќе донеле резултати и ќе ја направеле ГРОМ парламентарна партија и учесник во власта.

 

Викендов и во  Градско се одржа основачко собрание на општинската организација на ГРОМ, со  што се оформи тринаесеттата општинска организација  на Граѓанската опција за Македонија.   За претседател на Општинската организација на ГРОМ-Градско едногласно беше избран  Петре Спасовски.

A.Д

Додади коментар