Двајца кавадарчани украле мајмунче од зоолошката во Скопје

С.Н (31) и неговата пријателка И.П.А (26) од Кавадарци вчeра украле мајмун од видот Павијан од зоолошката во Скопје.

 

Од полицијата го потврдија случајот и информираа дека тие вчера околу 17.30 часот биле посетители во Зоолошката градина во Скопје. Кога стигнале до кафезот на мајмунот од видот Павијан, употребиле погоден алат и ја пресекле челичната жица. Го земале животното го ставиле во вреќа и најверојатно ја прескокнале задната ограда и со такси возило се упатиле кон Кавадарци.

 

Откако било пријавено во полиција, започнала потрагата по мајмунот. Кавадаречката полиција синоќа ги пронашла крадците и од нив е одземено животнот.

 

Полицијата по целосно расчистување на случајот ќе покрене соодветна постапка против лицата кои извршија несекојдневна кражба.

А.Д

Додади коментар