Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Штип

Двајца повредени е билансот од сообраќајната несреќа што синоќа во 21.14 часот се случи на регионалниот пат Велес-Штип, во близина на крстосницата Мамутчево.

 

Како што информираа од СВР Велес, во сообраќајката учествувале патнички автомобил марка „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 31 годишниот М.К од Велес и трактор со приколка „ИМТ“ со велешка регистрација, сопственост на ЈКП „Дервен“, а управуван од 43 годишниот З.Ц од Велес.

 

„Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на патничкиот автомобил  и сопатникот С.К.(30) од Велес кои со возило на Брза помош се пренесени во МЦ-Велес каде се констатирани телесни повреди“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

 

По овластување на ЈО увид изврши увидна екипа од СВР Велес.

Додади коментар