Делата од ликовната колонија „Кавадарци-Михајлово“ на продажба за хумани цели
31-08-2016 КУЛТУРА

Синоќа  во Галеријата при Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци  се одржи продажна изложба на дела од Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци - Михајлово 2016“.

Околу 160 дела кои над 70 уметници ги создадоа за време на колонијата синоќа беа изложени со можност истите да бидат купени.

 

Средствата собрани од продажбата ќе бидат донирани на настраданите од поплавените подрачја во Македонија. За самата изложба и нејзиниот хуманитарен карактер говореа директорот на домот на културата Владимир темков и градоначалникот Александар Панов.

М.В

Додади коментар