Делегација од Турција во посета на Кавадарци
07-04-2018 РЕГИОН

 

Делегација од општина Аланија – Република Турција предводена од градоначалникот Адем Мурат Јучел вчера беше во посета на Кавадарци. Делегацијата беше примена од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

 

Од прес службата на општина Кавадарци информираа дека турската делегација била на туристичка тура низ Македонија, а е остварена средба и меѓу двајцата градоначалници.

 

„ На средбата се зборуваше за карактеристиките на двете општини и двајцата градоначалници се запознаа со различните функционирања на туристички и индустриски град. На средбата се разменија поклони и ветувања за остварување на поблиски односи помеѓу двете општини“ се вели во известувањето од општина Кавадарци.



Додади коментар