Децата од Дневен центар изработија подароци за своите мајки
06-03-2014 РЕГИОН

8 ми март празникот на жената денеска пред официјалната прослава беше повеќе од празничен и убав за мајките на дечињата од Дневен центар Кавадарци. Тие заедно со своите ментори, но и родителите изработија честитки кој со најубавото саксиско цвеќе ги подарија на бесценета поткрепа во животот мајката.

Станува збор за проектот наречен социјализација на лицата со посебни потреби кој петта година по ред кавадаречкиот Црвен Крст го работи во соработка со Коменрцијална Банка. Дека дечињата беа неизмерно среќни, а за нив ваквиот потек на инстутуциите значаен потврдува и Весна Дубровска педагог во Дневниот Центар.

 

Задоволни од досега реализираното заклучно со денешната активност се и од Црвен Крст.Секретарот Розе Илова вели дека проектот продолжува и понатаму со цел да им се помогне и разубави секојдневието  на овие дечиња.

М.М

Додади коментар