ДЗС: 56.906 студенти запишани на факултетите

56.906 студенти се запишани на високобразовните институции во државата во академската 2012/2013 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем број студенти или 86,8 проценти се запишани на државните факултети, 12,7 отсто на приватните, а 0,5 проценти се запишани на верските факултети.

Бројот на запишани студенти - жени е 31.005 или 54,5 проценти.

Во прва година на студии запишани се 17.213 студенти или 30,3 проценти (тука се опфатени и студентите кои по втор, трет и повеќе пати запишуваат прва година).

Додади коментар