Досега поднесени 9636 даночни пријави во Кавадарци
13-03-2014 РЕГИОН

И во понеделник даночните обврзници ќе можат да поднесуваат граѓански даночни пријави. Тоа е краен рок за оваа обврска, бидејќи 15 март е сабота, УЈП одлучи да им излезе во пресрет на граѓаните со продолжување на рокот за уште еден ден.

Управникот на регионалната дирекција во Кавадарци, Елица Малинкова, денеска на прес конференција апелираше сите даночни обврзници кои имаат дополнителни приходи освен плата и пензија да си ја завршат оваа обврска, бидејќи во спротивно ќе заработат казна.

„Лани до регионалната дирекција беа доставени 6250 граѓански даночни пријави од даночните обврзници во Кавадарци, Неготино, Велес, Градско, Росоман, Демир Капија, Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово. До овој момент имаме примно 9,636 годишни даночни пријави“ рече Малинкова.

Вкупниот број на даночни обврзници кои имаат законска обврска до даночните власти да достават ваков образец е 16.000. Од регионалната дирекција Кавадарци се надеваат дека бројот на примени пријави ќе биде далеку поголем од лани.

Додади коментар