ЕКСКЛУЗИВНО: „Рибља чорба“ и „Парни ваљак“ на Тиквешки гроздобер 2016
12-05-2016 РЕГИОН

Од поодамна се започнати подготовките за годинашнава стопанско -туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“. КТВ ексклузивно дознава од Агенцијата која ја има задачата да го организира гроздоберот дека годинава манифестацијата ќе започне на 2 септември, а ќе трае се до 4 септември.

 

„ Тиквешкиот гроздобер годинава ќе се одржи на 2,3 и 4 септември, со тоа што ова година ќе имаме некои изненадувања во музичкиот дел. Во петок 2 септември ќе настапи  Рибља чорба, во сабота на 3 септември целовечерен концерт ќе имаат легендарните „ Парни ваљак“ и во недела за сите тинејџери еден европски популарен бенд „Бангладеш“. Ќе има и уште многу други новитети кои ќе ги објавиме со програмата за тиквешки гроздобер. Концертот на „Парни ваљак ќе трае 2-3 часа во нивни стил. Ова е добро за сите кои ќе дојдат на грзодберот“ открива претставникот на Агенцијата што го организира Тиквешкиот гроздобер, Зоран Станоев –Дејзи.

 

Тој нагласува дека и годинава винариите ќе бидат активни учесници на оваа манифестација која е белег на Кавадарци.

Организаторот најавува и содржински многу побогат вински карневал.

„Ќе имаме 10-12 нови општински карневалски поставки. Значи карневалот годинава ќе биде многу побогат. Ќе бидат присутни и претставници на Асоцијацијата на карневалски градови. И ова година со време си ги започнавме работите. Сите основни и средни училишта ќе земат активно учество со нови поставки, а ќе има  и граѓанските поставки кои ќе бидат спремни до одржувањето на винскиот карневал“ вели Станоев и е дециден дека како Агенција за организирање на манифестацијата ќе вложат максимални напори за голем и спектакуларен гроздобер, различен од досегашните.

 

И годинава Тиквешкиот гроздобер е со подршка од општина Кавадарци, градоначалникот Александар Панов и совето. Ние како агенција за организирање ќе се потрудиме да имаме еден голем и спектакуларен гроздобер.

 

Станоев во изјавата за КТВ открива дека и годинава ќе се одржи и манифестацијата „Гурмански викенд“ заедно со „Баскер фест“ која започна минатата година.

 

„Ќе учествуваат сите винарии, производители на сирење, кашкавал, сувомесни производи. Гурманскиот викенд е закажан за  10, 11 и 12 јуни во малото паркче кај полицијата“ рече Станоев.

 

Aнгел Данов

Додади коментар