Екстерното им влеа страв на учениците но и на родителите

Од следната недела почнува екстерното тестирање на учениците за што веќе наставниците на големо ги информираат учениците по кои предмети и кога ќе се тестираат. Тестирањето им создаде паника на учениците, но под стрес се и нивните родители.

И покрај реакциите на родителите, дека децата, особено од пониските одделенија не можат да постигнат да ги завршат и секојдневните училишни обврски и да се подготвуваат за екстерното тестирање, сепак, засега нема најави дека Министерството за образование размислува за откажување на најавените испити, пишува Утрински весник.

Дали со еден тест навистина може да се провери знаењето на ученикот што треба да го стекне во текот на целата учебна година, дали со тоа не се урива целиот концепт на македонскиот образовен систем за континуирано совладување на знаењата, а не кампањско учење, се дилеми кои деновиве ги мачат и родителите и наставниците.

Се прашуваат дали се размислува за психолошкиот товар врз грбот на децата, дека во тој одреден час не смеат да згрешат, бидејќи од тоа ќе зависи и нивната, а и иднината на наставникот. 

Додади коментар