ЕЛПИДА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГОДИНАВА ЌЕ ГО ПРЕТСТАВУВА ВАТИКАН НА СВЕТСКОТО БИЕНАЛЕ НА УМЕТНОСТА ВО ВЕНЕЦИЈА
16-04-2015 КУЛТУРА

Елпида Хаџи Василев од Кавадарци е една од најуспешните македонски уметници која успешно  ја гради својата кариера  во Велика Британија  По силниот одглас што го предизвика во светската современа уметност пред две години на венецијанското биенале  со впечатливото дело „Силентио патологија“ како претставник од Македонија кога до светот ја упати пораката – Каква  е и колкава е нашата љубов кон животните кога на таков начин ги уништуваме? – годинава повторно ќе учествува со делото Херуспекс но како претставник на Ватикан. На покана на директорката  на Музејот за современа уметност  на Ватикан Микол Форти таа заедно со уште двајца уметници, Моника Браво од Колумбија и Марио Мацилау од Африка   ќе го претставува Ватикан.

 

Оригинална и секогаш провокативна со  материјалите кои ги користи Елпида овојпат избира за своето дело да користи внатрешни органи од животни и тоа, марамица или каица, јагнешки црева и желудник од крава кој меѓу народот е познат под името „библија“ Всушност нејзината основна идеја е е да се прикаже христовата жртва.  Како и пред две година така и овојпат  нејзин соработник е архитектот Перо Бојков од Кавадарци кој за изложбата ни открива дека  одлично поминале двете консултативни средби со директорката на Музејот и главниот архитект на ватикан  Роберто Политани во Рим. На прашањето која е врската на уметницата Елпида Хаџи Василев со еден архитект од Македонија тој на нивно изненадување  им открива дека и двајцата се Македонци.Пред да ја прифати соработката за ова дело тој ни открива дека долго истражувал за Прологот на СВ. Јова  и по повеќе месечна работа со секојдневни косултации со Елпида го искотвил идејното решение.  

                Со оглед на тоа како се одвиваат работите досега и покрај тоа што станува збор за за еден исклучително тежок и исцрпуваќки и непријатен начи на препарирање  на внатрешните органи од животни Елпида се надева дека се ќе се одвива во најдобар ред потенцирајќи ја силната подршка што ја има од Ватикан . Интересно е да се спомене дека  изложбата ќе ја отвори Кардиналот Џанфранко Раваци претседател на папскиот совет за култура и топа на 8 мај . Изложбата е пропратена со каталог на повеќе од 100 страници во која за делото на елпида текстот го напиша  професорот Бен Квош професор по христијанска уметност  на Кралскиот универзитет во Лондон.

 

Мирјана Мукаетова

Додади коментар