Заврши градското првенство во шах во Неготино
28-05-2013 СПОРТ

И оваа година во организација на општина Неготино, а во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”,по втор пат  се одржа Отвореното градско првенство во шах – Неготино 2013. Првенството започна во петокот на празникот Свети Кирил и Методиј на кој земаа учество бројни заинтересирани граѓани од градот.

 Наградниот фонд за најдобрите учесници на турнирот изнесуваше 17.000 денари.

Синоќа на затварањето на турнирот беа доделени награди и благодарници.Така да освоени 4 поени благодарница доби Петко Цонев,за освоени 5 поени Блажо Добринов ,Владимир Пасинечки исто така освоени 5 поени како и Ацо Тренев и Јордан Камендолиев.Благодарница доби и најмладиот учесник на првенството Диме Аврамов со освоени 5,5 поени,за најдобар ветеран беше прогласен Ѓоко Павлов исто така со освоени 5 поени.

Потоа организаторот ги додели и наградите за најдобрите од прво до петто место.Петтото место со 6 освоени поени го доби Душко Јанев,4 место за Тони Лазов со 6 поени,3то место му припадна на Санде Атанасов со 7 поени,второто место за Емилија Ларачеа со освоени 7,5 поени и прво место освои Иле Ѓорѓиев.

На учесниците за настапот им честита и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој рече дека благодарение на успешноста на организацијата на турнирот оваа традиција ќе продолжи и идната година со оглед на големиот број на квалитетни натпреварувачи,каде почнува од најмладите основците и завршува со ветераните.

Билјана Н. Тошевски

 

Додади коментар