Заврши првиот дел од ликовната колонија „Вила Тодоров-Кожуф 2014“
28-06-2014 КУЛТУРА

Силната експресија, богатиот колорит кој извира од прекрасните пејсажи, неколкуте апстракции со истражување на надреалното и подсвесносто ,женските актови, портрети видени низ призмата на личното , внатрешната интима на душата и индивидуалните опсесии ги одликуваат  ликовните дела создадени на оваа прва етапа од годинашнава ликовна колонија која се случување во Вила Тодоровна Кожув Планина  и која можеме со право да ја оцениме како мошне успешна. А цветовите на платната како украдена насмевка на планетата Земја  според зборовите на младата уметница Ивана Горичева од Струмица само уште еднаш ни ја потврдуваат  оправданоста што оваа ликовна колонија се организира во вакво   прекрасно природно опкружување. Во оваа пригода да ги споменеме и имињата на другите млади уметници како Тодор Попов, Надица Стоилкова, Ален Спасовски, Нина Богуновиќ, Елизабета Јаковска, Васка Дудин и секако Ристе Соколов, воедно и да потсетиме дека ликовната колонија ќе има и вота етапа во средината на абгуст кога се предвидува учество на повеќе реномирани ликовни уметници од Македонија и Република Србија.    

M.Mукаетова

Додади коментар