Заеднички концерт на КУД „Ацо Ѓорчев“ и КУД од Бремен Германија
18-10-2013 КУЛТУРА

Турското фолклорно друштво од Бремен, Германија вчера вечер настапи во Неготино заедно со културно уметничкото друштво „Ацо Ѓорчев“ од Неготино во Националната установа, Центар за култура „Ацо Ѓорчев“.

Играорците настапија со повеќе различни народни ора и игри коишто се препознатливи за регионот од кој доаѓаат и за тамошниот народ.

 Концертот го отвори и добредојде на гостите им посака директорката на центарот за култура од неготино, Мирјана Јованова.

Таа истакна дека фолклорот е нашата суштина, нашата природа, и целокупното народно богатство што го имаме наследено од нашите предци.

Синоќешниот заеднички концерт не е прва соработка на овие две фолклорни друштва. Тие веќе неколку години наназад активно и интензивно соработуваат.

 

Елена Данова

 

Додади коментар