Закажан годишниот концерт на ФА „Тиквеш“
15-01-2014 КУЛТУРА

Годишниот концерт на Фолклорниот Ансамбал Тиквеш закажан за в сабота на 18 ти јануари. Продолжува традицијата на кавадаречките амбасадори на културата непосредно по празниците да ја почестат публиката со богат настан од фолклорната ризница. На сцената при домот на културата Иван Мазов Климе ќе заиграат сите поставки на Ансамблот. Според минатогодишното сценарио очекувањата се дека годишниот концерт ќе го отворат најмладите фолклористи, а по нив генерациски ќе ја погледнеме зрелоста и сигурноста на сцена кај оние што веќе имаат корени во Фолклорниот Ансамал Тиквеш.

Репертоарот сеуште не се открива, но по се изгледа публиката ќе ужива во музиката и фолклорот карактеристични за Тиквешијата. Невестинско, Старо Тиквешко, Источно се само дел од сплетот ора кој ги очекува публиката. Многу новини како во составот така и во репертоарот најавува Ансамблот, кој информира и дека на годишниот концерт како гости ќе настапат повеќе фолклорни друштва и ансамбли долгогодишни соработници на Тиквеш. Влезниците се со симболична цена, а вие обезбедете си ги навреме.Почетокот на годишниот концерт е во 19 часот.

Додади коментар