Започна новото првенство во пинг понг
06-10-2014 СПОРТ

Викендов се одигра првото коло од првата лига сениорки. Постигнати се следните резултати:

Градба промет-Студент – 5:3

Крива Паланка – Скопје Рисови – 5:0

Клубот на Струмица беше слободен.

 

 Тренерот на “Градба Промет“, Блаже Ордановски рече дека натпреварот бил многу тежок и до крај неизвесен со многу пресврти, но сепак е добро што на крај кавадарчанки  поминаа со подобар резултат.

„Екипата на Градба Промет час поскоро мора да го реши проблемот со младите категории, односно со почетниците од прво до трето одделение за кои термините од 20.30 часот во салата јасмин не одговарат, бидејќи се работи за деца, а терминот е доцна. Затоа мора да се најде друг термин во салите на основните училишта, каде би се одржувале тренинзи. На тој начин ќе се зачува 21 годишната богата традиција на пинг понгот во Кавадарци, во спротивно м,ногу брзо екипата  може да остане без играчи, односно пинг-понгот во градот да го снема“ предупредува Ордановски.

А.Д

Додади коментар