Започна топлиот културен бран
19-07-2013 КУЛТУРА

Годинава 29 општини  ќе бидат дел од истата, а ќе ја финансираат Министерството за култура и Локалната самоуправа. Во Кавадарци топлиот културен бран тргна синоќа од домот на културата со оперскиот концерт на солистите при Македонската опера и балет.

Низа културни настани најавуваат од домот на културата Иван Мазов Климе, Локалната музеј галерија и градската библиотека Феткин.Градот кој пред две години  го носеше епитетот град на културата упорно до денес потврдува дека достојно живее за културата и нејзината промоција. Изложби, промоции на книги, театар, концерти, перформанси.Сетоа тоа и ова лето нема да биде недостапно за кавадаречката публика. Локалната најавува редица настани кој ќе го разубават културното живеење на градот.

Зад нас оставивме интензивен културен месец јуни, јули веќе докажува дека не е ништо по сиромашен од својот претходник, а август со себе ќе го донесе шлагот за топлиот бран да има завршеток каков што многумина сакаат.Операта синоќа беше само едно добро загревање, по фолклорното разигрување од минатата недела, вели организаторот. Ќе следуваат изложби и уште неколку квалитетни концерти. И додека кавадарчани и по навика ја земаат неделната доза на култура, општина Градско стартот на топлиот културен бран го најавува за недела на 21 ви.Со поезијата на Блаже Коневски презентирана од актерот Љупчо Тодоровски во амфитеатарот на градскиот парк со почеток од 21 часот почнува културното лето во Градско.

Милица Младенова

Додади коментар