Избрани најдобрите спортисти за 2013 во Кавадарци
28-12-2013 СПОРТ

Миле Димов, фудбалер во „Црна Река“ е избран за најдобар спортист на град Кавадарци за 2013 година на синоќа одржаниот избор на најдобри спортисти и спортски работници. Фудбалскиот клуб „Црна река“ е најдобар спортски колектив, најдобар тренер Блаже Ордановски, Лазар Мицев најдобар спортски работник. За најдобар интернационалец е избран Ванче Шиков. Душко Стефанов од радио Галакси за најдобар спортски новинар, а кошаркарскиот клуб „Академик“ најдобар младински клуб. Избрани се најдобрите од сите спротови кои живеат во Кавадарци.

Кошаркарите Тодор Гечевски, Горан Самаџиев, Ристе Стефанов и  Лидија Милкова, ракометарите Петар Ангелов, Милан Левов, Лазар Попов, Јане Јанчев и фудбалерите Ѓорѓи Мојсов и Даниел Мојсов се избрани за амбасадори на спортот во Кавадарци. Истото признание го доби и навивачката група Лозари која секогаш е со спорот и спортистите во Кавадарци.

Градоначалникот Александар Панов и сопственикот на Кожувчанка, Митко Јанчев добија благодарници за посебен придонес вго развојот на спортот во Кавадарци.

A.Д

Додади коментар