Изгоре дел од пилана во Кавадарци

Во текот на ноќта, 12 часа пожарникари се бореле со огнената стихија која зафатила дел од пилана лоцирана во поранешниот дрвен комбинат „Страшо Пинџур“.

 

Причините за пожарот не се познати, а дополнително ќе биде утврдена и направената штета.

 

Од кавадаречката противпожарна единица информираа во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и седум пожарникари, а помош добиле со по едно возило и двајца пожарникари од „Кожувчанка“ и „Фени индустри“ и од неготинската противпожарна единица.

 

Со навремената интервенција било спречено огнот да ги зафати и останатите објекти кои се во непосредна близина на пиланата.

A.Д

 

Додади коментар