Изложба и промоција на книга
31-07-2013 КУЛТУРА

Делата на Јордан Ефремов Јошко и книгата на Марија Црвенкова синоќа беа презентирани во градската галерија при домот на културата Иван Мазов Климе во Кавадарци. Еден настан со содржина за два вкуса во културата на едно место и дел од топлиот културен бран. За Црвенкова и нејзината тајна на срцето која официјално беше промовирана пред некој ден на Моклишкиот манастир говореше актерот Диме Коцевски, а извадоци пред публиката презентираше Светлана Митрева.

Марјан Тодоровски од домот на културата говореше за Јордан Ефремов Јошко и неговото ликовно творештво.

Делата на Јошко во домот на културата ќе бидат изложени до средината на следната седмица.

 M.M

Додади коментар