Изложба на делата на Александар Станковски
17-07-2013 КУЛТУРА

Синоќа во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци беше отворена изложба на делата на академскиот сликар Александар Станковски од Скопје.

Изложбата е насловена „Полифонијата на писмото“, а е подржана од градоначалникот и советот на општина Кавадарци.

Оваа изложба претставува ретроспектива од неговиот богат опус во која се селектирани над 160 дела. 

Додади коментар