Изложба на дела од млади ликовни уметници
12-10-2013 КУЛТУРА

Младите ликовни уметници од Кавадарци на културната публика од градот синоќа и ја понудија петтата јубилејна ликовна изложба.

 

На четириесетина дела изработени во повеќе техники меѓу кои графика, масло на платно, уметничка фотографија го видовме трудот на триесетте автори.Годинава изложбата на младите ликовни уметници имаше меѓународен карактер што значи учество во истата имаа и странски уметнички имиња, а истата беше отворена во Локалната Музеј Галерија. 

 

Годинава куратори на групната изложба на младите ликовни уметници од Кавадарци и нивните гости беа Петар Петков и Ристе Јосифовски кој е задоволен што се множат годините на изложбата.

Изложбата во Музеј Галеријата останува отворена во следните десетина дена.

М.М

Додади коментар