Изложба на фотографии за џаламарите од Ресава и Бегниште
14-01-2015 КУЛТУРА

Зимските обредни игри сврзани со Василица – Нова година по стариот календар во древниот џоломарски обичај  во кавадаречките села Ресава и Бегниште цели пет години беа предизвик за ликовните уметници кои се занимаваат со уметничка фотографија Сашко Илов – Дете и Цветанка Темкова Илова  од Кавадарци и од минатата година за фотографот Тоше Огњанов од Скопје. Она што тие успеале како момент да го заробат во своите фотографии добро осмислено и спакувано во една етнолошка изложба двајцата етнолози од Музеј Галеријата од Кавадарци Кети Ванчева и Томе Крстевски имавме можност да го видиме синоќа на отворањето на првата од ваков вид изложба  во Кавадарци . Тие како автори на изложбата говореа за долгата традиција на негување на  овој пагански обичај   од страна на жителите на селата Ресава и Бегниште.

 Целата изложба беше добро осмислена со настап на хумористот Илија Неделков Ограјски кој читаше стихови за џоломарите  а како круна на целото случување  беше присуството на вистински џоломари на изложбата  младата невеста  како симбол на новата година што доаѓа и старата година што заминува . Атмосферата покрај звукот на големите клопотарци беше збогатена и со василичарска трпеза.

Мирјана Мукаетова

Додади коментар