Кавадаречките фудбалери сеуште без тренер
18-07-2016 СПОРТ

Иако беше најавено дека до крајот на минатата недела ФК „Љубанци“ од Кавадарци и официјално ќе добие нов шеф настручниот штаб, сепак тоа сеуште не е реализирано.

 

Имено, поради фактот што кавадарчани во следната сезона ќе играат во второлигашкото друштво, потребно е првиот тренер да има А лиценца.

 

Сепак работите околу разрешувње на овој проблем не се одвиваат  со посакуваната брзина, а времето немилосрдно гази. Од друга страна од извори блиски до клубот се очекува проблемот да биде решен мошне брзо и да се продолжи со подготовките со кои и така веќе многу се доцни.

М.В

Додади коментар