Кавадарчани активни во хуманитарната акција „Се грижиме за топол дом“
05-11-2013 РЕГИОН

Од август до сега без проблеми се спроведува хуманитарната акција под мотото „Се грижиме за топол дом“ на Министерството за труд и социјална политика во соработка со граѓаните и центрите за социјална работа. Целта на акцијата е поимотните граѓани кои имаат мебел и останата покуќнина, кои се функицонални, а не ги користат, да се пријават во центрите за социјална работа и да ги донираат, а понатаму тие предмети и покуќнина ќе усреќат социјално загрозени семејства.

Денеска наша екипа присуствуваше на примање и предавање на донација. Семејството на Даниела Ѓореска донираше компјутер кој ќе усреќи дечиња од социјално загрозени семејства. Таа со повик до граѓаните да се вклучат во оваа акција.

Директорката на Центарот за социјални работи, Вања Маневска нагласи дека акцијата е прифатена од кавадарчани и веќе се собрани и првите донации кои се распределуваат за социјално загрозените.

Има осум деца и е корисник на услугите на Центарот за социјални работи. Ова жена денеска доби креветчиња на кои ќе спијат нејзините деца, а се донација од кавадарчани.

А.Д



Додади коментар