Камион излета од мостот на автопатот Велес-Скопје

Загина возач на камион со унгарски регистарски ознаки. Излетал од мост  на автопатот Велес-Скопје во населбата Дорутовец. Несреќата се случила рано утринава 20-тина минути пред 2 часот . Товарното возило марка Сканиа го управувал 57 годишен државјанин на унгарија.. камионот бил натоварен со конзервирано овошје..

 

Од ударот целосно се згмечени кабината и приколката на камионот.. ова го отежнува извлекувањето на безживотното тело на возачот.. попречен е увидот и на полицијата и јавниот обвинител..  

 

Од велешката полицијата велат дека по завршување на увидот ќе се знаат причините за несреќата.

З.Ј

 

 

Додади коментар