Каратисти од КК „Урбан инвест“ на меѓународен натпревар во Хрватска
07-10-2015 СПОРТ

На 03 и 04 октомври 2015 година во Ријека, Хрватска се одржа 15 Меѓународен натпревар Хрватска опен на кој учество земаа 1582 натпреварувачи од 170 клубови и 16 држави: Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Австрија, Франција, Италија, Србија, Маџарска, Словачка, Германија, Украниа, Бугарија, Америка, Швајцарија.

На натпреварот учество земаа 5 натпреварувачи од КК Урбан Инвест: Владанка Аврамова, Моника Коцх, Лили Маневска, Звонко Николоски и Петар Аврамов.

Владанка Аврамова – во категоријата кати помлади кадетки освои сребен медал.До него стигна со 4 победи и 1 пораз: прво коло победа на натпреварувачката од Австрија со 5:0, второ коло победа на натпреварувачката од Франција со 5:0, трето коло победа на натпреварувачката од Италија со 5:0 и за влез во финале победа на натпреварувачката од Хрватска со резултат 5:0. Во финалниот меч изгуби од натпреварувачката од Италија со резултат 2:3.

Петар Аврамов – во категоријата кати натпреварувачи 10/11 години освои бронзен медал.

Прво коло победа на натпреварувачот од Хрватска со 5:0, второ коло победа на натпреварувачот од Босна со 5:0.

За влез во финале изгуби од натпреварувачот од Италија со резултат 2:3. Во репасажниот меч за бронзен медал го победи Хрватскиот натпреварувач со 4:1.

Лили Маневска, Моника Коцх и Звонко Николоски имаа добар настап но не успејаа да се изборат за медал.

Додади коментар